fbpx

Нова герила-акција во Битола, бело знаме за капитулација на Талески

-

Нова герила-акција на „Битолско двжиење“ и денеска го изненади битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Во градската библиотека, додека Талески присуствуваше на промоција на книга на режисерот Љубиша Георгиевски, герилците со скандирање „Оставка“ влегоа во салата и побараа оставка од градоначалникот.

Потоа му фрлија бело знаме во знак на капитулација и маица на која пишуваше СЈО.


Режисерот Љубиша Георгиевски не остана рамнодушен на герила-акцијата на „Битолско движење“, па го иронизираше чинот и прокоментира дека и герила-акцијата била дел од промоцијата, заблагодарувајќи им се на активистите што ја „крунисале“.

Анализирајќи ги активистите на „Битолско движење“, режисерот прокоментира дека „толку се млади и силни што можат вол за рогови да фатат“, па наместо да „ораат нива која ќе даде плод, тие се занимаваат со вакви работи“. Притоа тој ги нарече „ашлаци“.

Целата ситуација режисерот ја заокружи со една стара позната мисла: „Кога ќе се роди Македонец, некаде се испукува куршум, а прашање на време е кога ќе се сретнат“.  Многумина протолкуваа дека пораката му е упатена за Талески, во смисла дека од реалноста нема бегање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...