Нова епизода на „Шорткат“ – ги прашавме младите колку го користат возот при патувањата

Новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ повторно носи интересни и актуелни теми, при што акцентот го ставивме на младите и железницата.

Во понеделникот во Скопје пристигна возот „Connecting Europe Express“ на ЕУ, којшто се обидува да го привлече вниманието на европската јавност кон предностите што ги нуди возот како превозно средство. Фактичката состојба покажува дека бројот на патнички возови, заедно со бројот на патници, опаѓа низ годините наназад. За да го испитаме мислењето во однос на тоа колку младите од земјава го користат возот како превозно средство, „Мета.мк“ во соработка со „Студентарија“ изработи онлајн анкета што ја одговорија помеѓу 5.000 и 7.000 лица. За резултатите од анкетата, заедно со атмосферата на скопската железничка станица може да се информирате од третата епизода на „Шорткат“: