Во новата емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на јутјуб каналот на Вистиномер.мк, на сензибилната и горлива тема за интернет измамите уредникот на порталот Вистиномер.мк, Владимир Петрески, разговара со инж. Божидар Спировски, експерт за сајбер безбедност. Фокус на разговорот во оваа емисија се социјалните мрежи, пренесува Вистиномер.мк.

Кои се најраширени интернет измами и како тие стасуваат на социјалните медиуми, но и преку други комуникациски канали, до корисниците како потенцијални мети? 

Во новата емисија на поткастот Контекст, кој се емитува на јутјуб каналот на Вистиномер.мк, на оваа сензибилна и горлива тема уредникот на порталот Вистиномер.мк, Владимир Петрески, разговара со инж. Божидар Спировски, експерт за сајбер безбедност. Фокус на разговорот во оваа емисија се социјалните мрежи. 

На социјалните медиуми, или било што ќе ви стаса неочекувано, што ќе ви го тутнат пред нос да го видите, и тоа ви предизвикува емоционална реакција, каква сака нека е сликата, препоставите дека сликата или видеото се лажни, невистинити. Почнете од таа премиса, практично не верувајте на ништо, и потоа проверете. Прашајте се себе си дали ви предизвикува силна емоција, тоа е исто огромен фактор, па затоа не проверувајте. Оваа моја порака, за жал, има еден голем негативен ефект кон општествотовели Спировски на почетокот од разговорот за интернет измамите.

Спировски две и пол децении е во ИТ индустријата, а последните 15 години е експерт за сајбер безбедност, односно како што ја опишува неговата специјалност, тој е „човек кој не спие за другите да можат да смијат мирно“.

Она што често се трудам да направам е да искомуницирам на социјалните мрежи околу секакви можни измами со кои се соочуваат нашите сограѓани, да едуцирам и да објаснам зошто тоа е измама, и кои се индикаторите кои во иднина ќе им помогнат да ги избегнат измамите, посочува Спировски.

Целиот разговор со експертот за сајбер безбеност Божидар Спировски во новата емисија на подкастот Контекст можете да го погледнете на јутјуб каналот на Вистиномер.мк.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар