Македонските нуркачи, предводени од спелеo-нуркачкиот клуб „Врело“, денеска ја почнуваат експедицијата во пештерата Ѓоновица, Гостиварско. Најдобрите спелеонуркачи и спелеолози од земјава во следните пет дена ќе ги покажат своите способности во истражување на внатрешноста на една од најубавите пештери во Македонија.

Освен нуркачите, во истражувањето се вклучени и научници од повеќе области, кои треба детално да ги испитаат дадените примероци од вода, седименти и од животински свет од пештерата. Дел од експедицијата се и врвни фотографи и сниматели за во меѓународната јавност да се пласираат пронајдените информации од убавините што ги крие оваа пештера.