fbpx

Нови дојави за бомби на скопскиот аеродром и во десет училишта

-

На електронските адреси на осум училишта во Скопје и две во Прилеп, а и на скопскиот аеродром утрово стигна закана за поставена експлозивна направа. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Мета.мк потврдија дека во тек е безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички проверки за расчистување на случаите.

„Денеска (20.02.2023) до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, изјавија од МВР.

Според полицијата станува збор за лажни пријави. Лажни дојави за бомби испратени до училиштата во Скопје, Прилеп  Куманово имаше и минатата недела. Покрај официјалните електронски адреси на училиштата, заканите се упатуваа и на приватни мејлови на професори.

Од почетокот на второто полугодие може да се забележи дека речиси и да нема работен ден кога нема испратени закани за поставена експлозивна направи. Сите дојави до сега се покажа дека се лажни. Ваквите лажни дојави за првпат се појавија лани на 26 октомври. Во случај на дојава, учениците и вработените од училиштата се евакуираат, а за време на антитерористичките проверки во прекин е одржувањето на наставата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...