fbpx

Нова авио-линија Штутгарт-Охрид на компанијата „Еуровингс“

-

На Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” пристигнаа првите патници од новата авио-линија Штутгарт-Охрид на авиокомпанијата „Еуровингс“.

Авиокомпанијата „Еуровингс“ ќе лета на дестинацијата Штутгарт-Охрид два пати неделно, секој понеделник и петок до 9 септември, а од 17 јули авиокомпанијата ќе ја отвори и својата втора сезонска дестинација Дизелдорф-Охрид, која ќе лета секоја среда до крајот на август.

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле” во моментов опслужува 20 дестинации, од кои осум се редовни нисокобуџетни авиолинии преку целата година Цирих, Базел, Виена, Лондон, Малме, Милано, Меминген и Дортмунд. Останатите 12 дестинации од охридскиот аеродром се сезонски, од април до октомври Амстердам, Брисел, Истанбул, Талин, Тел Авив, Варшава, Ајндховен, Катовице, Мастрихт, Адана, Штутгарт и Дизелдорф.

Охридскиот аеродром е рангиран од „Airports Council International“ (ACI) како еден од првите три аеродроми во Европа, според стапката на најголем раст на бројот на патници во првиот квартал од 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...