fbpx

Нов земјотрес во Централна Италија

-

Нов земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди централниот дел на Италија, предизвикувајќи нови штети во тоа подрачје.

Американската геолошка станица соопшти дека земјотресот се случил утринава во 6.28 часот, а по него, во следниот час, се регистрирани уште девет потреси. Во текот на ноќта се забележани повеќе од десет послаби потреси.

Централниот дел на Италија во средата го погоди силен земјотрес, во кој загинаа најмалку 250 лица. Во изминатите два дена во таа зона се регистрирани повеќе од 500 земјотреси, од кои некои биле со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...