fbpx

Нов Зеланд постави цел од 90 отсто вакцинирани жители за да се стави крај на „локдауните“

-

Владата на Нов Зеланд денеска ја објави својата амбициозна цел да ги вакцинира против ковид-19 90 отсто од сите жители што може да примат вакцина, со цел да стави крај на „заклучувањата“. Во моментов повеќе од два месеца во „локдаун“ е градот Оукланд, јави агенцијата Асошиејтед Прес.

Премиерката Џасинда Ардерн се наоѓа под јавен притисок за прекинување на таквата состојба, и според новите правила, жителите на најголемиот град на Нов Зеланд ќе добијат повторно многу можности за движење откако 90 отсто од населението над 12 години во сите три округа на Оукланд ќе бидат целосно вакцинирани. Други, пак делови на земјата каде што нема големо ширење на корона вирусот ќе добијат уште поголеми слободи, но сепак не ќе може да одат во рестораните, баровите, фитнес салите, без потврда за вакцинација.

Досегашниот систем на известување преку степени на тревога ќе се замени со „семафор систем“. Зеленото светло ќе значи дека најголемиот дел од бизнисите може да работат, жолтото дека е потребно носење маски и одржување растојание, додека црвеното ќе значи и ограничување на бројот на лица на собири, дури и ако се вакцинирани.

Според медицинските власти, иако стапката на вакцинираност расте, се потешко е да се убедат преостанатите што не се вакцинирани да примат вакцина. Стапката на вакцинирање на домородните Маори заостанува зад општите бројки.

„Мојата порака за Новозеланѓаните што уште не примиле прва доза вакцина е: Ако сакате лето, ако сакате да одите во барови и ресторани, вакцинирајте се. Ако сакате да одите на бербер или фризер, вакцинирајте се. Ако сакате да одите на концерт или фестивал, вакцинирајте се“, порача премиерката Ардерн.

Нов Зеланд досега избегнуваше жестоки удари на пандемијата, откако успеваше да ги сузбие сите жаришта на ширење на корона вирусот преку строги „локдауни“, обемно следење на меѓусебните контакти на луѓето и строгите гранични контроли.

Сепак, избивањето на епидемискиот бран на заразниот делта сој во август предизвика проблеми и се ширеше и покрај ограничувачките мерки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...