fbpx

Нов рекорд на Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019) со над 66.000 активности

-

Седмото издание на Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), постави нов рекорд во бројот на орагнизирани настани во Европа и пошироко. Оваа година активните наставници и училишта одиграа главна улога во проширувањето на Европската недела на кодирање.

Европската недела на кодирање расте од година на година и во 2019 година имаше над 66.000 регистрирани активности – најголемиот број до сега.

Илјадници наставници, библиотекари, информатички ентузијасти, клубови за кодирање и компании организираа низа активности, давајќи им на милиони луѓе низ целиот свет можност да експериментираат со кодирањето на забавен и ангажиран начин.

Учесниците имаа можност да научат како да прават команди за роботи, да програмираат во разни програмски јазици и да ги подобрат вештините за употребата на дигиталната технологија. Околу 89 отсто од активностите беа организирани во училиштата, 4 проценти во непрофитните организации и 4 отсто во компаниите.

Ако земат предвид земјите членки на ЕУ, Западниот Балкан и земјите кандидати за ЕУ, прелиминарните податоци покажуваат дека тие ги удвоиле активностите во оваа наскока во споредба со претходната 2018 година.

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019),  која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко.

„И оваа година ја продолжуваме оваа успешна приказна. Ги повикувам сите наставници што работат на развивање на дигитални вештини да се приклучат на оваа европска иницијатива. Со регистрирање на настан во Вашето училиште, го давате својот придонес за подигнување на свеста кај најмладите за развивање на дигитални вештини, како важна стратешка цел за зачувување на младите овде и обезбедување на нивен достоинствен живот. Северна Македонија е веќе дел од  дигитална Европа“, истакна на почетокот на Европската недела на кодирање министерот Дамјан Манчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...