fbpx

Нов пожар во фабриката „Треска“, брзо е изгаснат, но пожарникарите ќе имаат дежурен тим на терен

-

Утрово во кругот на поранешната фабрика „Треска“ се појавил нов пожар, во којшто бил запален простор од магацините откако вчера гореше огромна хала. Покрај противпожарните екипи кои се на терен и го гаснеа огнот, Мета.мк забележа дека се затворени улиците Рузвелтова и Владимир Полежиноски, за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат и да имаат дотур на вода.

Од правецот на улицата Рузвелтова, се гаснеше пожарот во магацин кој се наоѓа позади авто-мото салонот „Динамикс“. Пожарот беше изгаснат за кратко време, но на терен забележивме дека и понатаму чади локацијата – огромната хала на „Треска“ која што вчера гореше. Пожарникарите и на овој дел од фабриката се обидуваат состојбата да ја контролираат.

Во изјава за телевизија „Телма“, командирот на противпожарната единица на Скопје, Ѕвонко Томовски рече дека како можна причина за повторниот оган се искри од остатоците од кабли и дрва кои се лесно запалливи.

Еден пожарникар во разговор за Мета.мк изјави дека просториите во фабриката „Треска“ се преполни со хартии, дрва и други запаливи материјали, и поради тоа, можно е да има повторно разгорување. За да се спречи нов пожар на локацијата, на терен деновиве ќе дежура противпожарен тим што ќе треба да ја следи состојбата.

Граѓаните на Општина Центар кои живеат на улица „Христо Смирненски“, во непосредна близина на поранешниот фабрички круг, изразуваат загриженост бидејќи во случај на ширење пожар од халите кон зградите нема простор за противпожарни возила да интервенираат од страната на „Треска“. Посочуваат на вознемирувачкото искуство од декември 2021 година кога во една од тие згради се запали стан кој гледа кон халите и пожарникарите наместо со возило мораа да се прекачуваат по балкони да допрат до него и почнат со гасење.

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...