Пристигна првото прикажување на римејкот на играта Assassin’s Creed IV: Black Flag сега позната како Resynced.

Не се работи за римејк што би рекле американците што би бил „just a new coat of paint“ (само замачкано со нова боја) како што беше случајот со ремастерот на играта Диабло 2 каде играта остана сосема иста, туку во Black Flag се додадени новитети во вид на нови дијалози, аудиофајлови со истите актери како и нова музика за играта.

Девелоперите спомнаа дека ќе има и неколку нови кампањи со ланци квестови, целосно преработени сцени, анимации од кои највеќе ќе се додаде содржини во анимациите на „спомените на Едвард Кенвеј и неговата жена кои ќе бидат подолги и поквалитетни“. 

 

Интересно е што по насловот „Black Flag“ стои терминот „Resynced“ наместо терминот „Римејк“. Ова е алегорија што алудира на самата механика од приказната во играта, каде низ виртуелна стварност ликовите од сегашноста се обидуваат „да се синхронизираат“ („Resync“) со спомените на предците, преку машината Анимус.

Тоа е еден вид на конзола како на „Матрикс“ каде од декодиран генетски материјал заробен во гените на операторите потомци на асасините се отклучуваат спомени од предците Асасини преку нивно повторно виртуелно преживување кое е симулација која не се разликува од реалноста.

Исто така најавено е дека и долгите квестови во “сегашниот свет” со „канцелариите на Абстерго“ во играта што се играат во прво лице, каде одите со лифтови по канцеларии и ходници и хакирате компјутери и безбедносни системи, ќе бидат во поголем дел исклучени од новата верзија или барем скратени на минимално времетраење при играњето.   

Девелоперите од Ubisoft имаат донесено ветерани гејмери и ентузијасти во своите студија да дадат свој фидбек и совети за како да се подобри најновата верзија на играта што уште не е излезена. Фидбекот на ветераните е најчесто околу тоа што сè треба да се поправи во играта.

Ентузијастите покрај изразеното воодушевување истакнаа дека нивните критики биле земени во предвид од самите девелопери и не бил тој настан „само ради реда“ туку со конструктивни решенија, вистинска комуникација и идеи кои навистина се земени во предвид.

Сепак испадна дека за првата верзија од Black Flag а и за сегашната Ubisoft тимот од Сингапур имал голема улога и затоа креативната слобода е дадена на најистакнатиот учесник во целиот процес сега креативниот директор на проектот: Пол Фу -да го контролира процесот на римејкот на Black Flag.

Секако во соработка и консултации со Жан Гастон оригиналниот креативен директор на првата верзија на играта и директорот Пол Најт. Во следното видео може да ја проследите получасовната презентација од девелоперите на играта: 

 

Така што многу повеќе труд е вложено во овој римејк одошто просто пресликување на играта во нова графика. Сепак е обидот да се реактуелизираат стари содржини и да бидат претставени како нови, појава што капиталистичките дефиниции во економијата ги дефинираат како „самоплагијат“ или „себе-плагијат“ што е дури пародичен.

Квази-парадоксален и оксиморонски термин кој  реално постои во економијата што се однесува до сите „индустрии за забава“ како филмската, музичката и гејминг индустријата, а за нулификацијата на уметничката вредност од истите индустрии што сè од секакви креативни дела сведуваат на ниво на „производ“ и да не зборуваме. 

Сепак при академски трудови „себе-плагијатизирање“ се однесува на презентирање стари свои содржини или делови од сопствени содржини претставени како сосема нови што донекаде е легитимно, но и дискутабилно.

Дека академците често надградуваат содржини и над свој минат труд. Ама кога гејминг компанија го прави тоа со своја игра, како сега фирмата Ubisoft со играта AC: Black Flag -тогаш демек ништо од ова не важи. Како е воопшто можно себеси некој да се плагијатизира? Според капиталистичка економија можно е -кога не им одговара, а не постои такво нешто кога им одговара и кога тоа може „да се уновчи.“ Иако реално може да се каже дека тоа е воведено како термин очигледно за да се прават што повеќе сосема нови содржини и производи кои подобро би се продале низ паролата „Ново“ еден од основните маркетингшки трикови, доста успешни и ден денес. 

Колекционерската верзија за римејкот на играта беше претставена преку трејлер и се очекува да има многу висока цена, еве како изгледа целиот тој пакет за играта: 

Исто така се очекува овој римејк на играта Assassin’s Creed 4 да привлече огромно внимание и од повозрасните гејмери, но исто така и од поновите гејмери кои никогаш не ја искусиле претходно, бидејќи своевремено беше и сè уште е иконична игра со пирати и репер за игра со ваква тематика според која се споредуваат сите идни игри со пирати, како што забележаа девелоперите. Датумот закажан за излегувањето на Assassin’s Creed IV: Black Flag Resynced е 9 јули 2026 год.