Агенцијата за вработување објави нов оглас за самовработување млади до 29 години.  Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат во наредните 10 работни дена за проектот за самовработување со кредитирање, проектот за самовработување со кредитирање за невработени млади лица до 29 години и проектот за кредитирање фирми за отворање нови работни места.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека целта е преку конкретни мерки да се создаваат и да се креираат можности за сите невработени лица, но и да се поттикнат сите што имаат сопствен бизнис, идеја и концепт за развој на сопствена компанија, да се активираат, ставајќи акцент особено на младите.