Нов хит во светот на игрите: Dragon Age The Veilguard

Dragon Age 4 Veilguard скриншот од EA
Dragon Age 4 Veilguard скриншот од EA Sports

Новата игра Dragon Age The Veilguard стана хит во светот на игрите. Станува збор за долгоочекуваната игра во серијалот Dragon Age што ги комбинира најдобрите елементи од своите претходници. Играта го има дражот на првата верзија Dragon Age: Origins во ефектите и раскажувањето кои се надоградени во нов стил, комбатот од втората верзија Dragon Age II со надграден дизајн на оклопи оружја и непријатели и уште подобра графика и романси од третиот дел Dragon Age Inquisition како и нови анимации за борби што изгледаат кул.

Мора да се напомене дека оваа игра е за возрасни и има предупредувања и на самиот трејлер и секаде каде што се продава-затоа што има експлицитни сцени од секаков вид. Имаме и претходен напис што го објаснува концептот на играта овде додека третиот дел беше на бесплатна промоција и уште еден информативен напис за најавата на Veilguard тука.

Самата игра е вид на уметничко дело, покрај тоа што првично нуди околини и чудовишта што се мешавина од повеќе познати Darksouls игри, но повеќе низ призма на графички осет и стил што потсетува на најновата Хари Потер игра Hogwarts Legacy за која имаме и два претходни написи: првиот и вториот -која пак влечеше доста инспирација за стилот од серијалот Fable. Познавачите на RPG игрите веднаш ги препознаа овие конотации и сличности. За терминологија во овој вид игри ви го препорачуваме следниот водич.

Светлосните ефекти при завршување задачи (квестови) или при комплетирање достигнувања (ачивменти) се направени со особено внимание што реално ги инспирира играчите да продолжат да играат. Ова првично беше забележано во ачивментите на World of Warcraft (за која имаме повеќе претходни написи) како мотивирачки фактор -и чувство „дека е достигнато нешто вредно“ но Близард го злоупотребува за да ги задржи играчите подолго во игра во која се плаќа времето што се поминува. Во случајот на Dragon Age серијалот станува збор за поискрени намери на креативност затоа е Single Player игра иако Dragon Age Inquisition имаше и мултиплејер PvP што никогаш не зазема популарност. До тој степен што по некое време мултиплејерот го даваа бесплатно на сега неактивната платформа Origin каде се поклонуваа игри на играчи ширум светот. За водич за бесплатни комјутерски игри кои се собираат повремено може да го погледнете следниот линк.

Мора да се напомене дека самата игра ја има RPG карактеристиката “slauthering demons” што во првиот дел беше и споменувано како комичен момент (и “comic relief”). А, „најкул“ анимациите во сите можни делови на Dragon Age секогаш ги има класата Rogue (Одметник). Но другите класи се Воин (Warrior) и Магионичар или Мејџ. „Мејџовите“ се најкорисни и најмоќни откако ќе се „појачаат“ затоа што прават и деструктивни напади на повеќе противници одеднаш (АОЕ -Area Of Effect-Attacks) и воедно можат да ги лечат другите придружници. Воините, пак, можат да го носат иконичниот Greatsword како главно оружје и да „косат хорди на даркспон“ со дворакиот меч или голема двојна секира. Во секој случај и играта и приказната се доста имерсивни и привлечни и за сосема нови играчи и за ветераните што ги играат и преигруваат од мерак со години.

Самата приказна нема да ви ја откриеме во целост но почнува со среќавање на маркантните ликови од претходните игри што се ваши придружници, проследено со интриги, авантури и секакви замрсени перипетии. Наводно елфскиот волшебник Солас имал план да премести фатени тирански богови на елфите, од еден магичен затвор во друг што резултирало со катастрофа и негова заробеност. Солас повторно е вметнат во сетингот со рифтови и хорди на чудовишта што се истураат неконтролирано во светот -а вашата дружина е главниот браник против тие сили -затоа што докажано го има претходно спасено светот од иста ваква закана. Мора да се напомене дека играта не е само „Крвови и мракови и колење демони“ туку и има прекрасна природа пејсажи и патувања. Што се однесува до борбите (комбатот) овојпат Вештачката Интелигенција на вашите придружници е подобрена и се вистински поефектни. Додека во постарите игри беше клучна и директната контрола над нив за борбите, сега е тоа попасивно и може целосно да се фокусирате на својот главен лик. Овојпат името на протагонистот е „заклучено“ и се вика Rook што во превод е шаховската фигура позната кај нас како ловец, а симболиката е „заштитник на кралството“.

Играта може да се купи на Steam за цена од 60 евра, но би ви препорачале да ги почекате новогодишните попусти. Во секој случај популарноста на твич на Dragon Age The Veilguard е во тек, а на YouTube има целосни снимки од приказната која се граничи со интерактивен анимиран филм со многу избори, разгранувачки приказни и алтернативни краеви.