Нов бран на лажни дојави за бомби во Србија, на мета се болници, факултети и други институции

Денес во утринските часови дојави са бомби добија и Воено-медицинската академија, една од најголемите здравствени установи во земјава, Клиничкиот болнички центар „Ѕвездара“, како и Зоолошката градина во Белград

-

Две недели по двете масовни убиства во Србија, земјата се соочува со нов бран дојави за поставени бомби во различни објекти, првенствено во училишта, пренесе Би-би-си на српски јазик.

Кон средината на оваа недела, повеќе од 100 основни и средни училишта во Белград добија анонимни дојави за бомби, за кои подоцна беше утврдено дека се лажни, а ден подоцна слични закани добија и образовните институции во војводинските градови Нови Сад и Сомбор.

Денеска во утринските часови дојави за бомби добија и Воено-медицинската академија во Белград, една од најголемите здравствени установи во земјава, Клиничкиот болнички центар „Ѕвездара“, како и Зоолошката градина во Белград.

Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, потврди српската полиција за Танјуг.

Засега се евакуирани Спенс, Техничкиот факултет, Каменичкиот институт, Железничката станица, Филозофскиот факултет и трговскиот центар Меркатор.

На е-маил адресите на надлежните служби и медиумите е испратена порака, во која се вели дека „бомбите се темпирани да се активираат денеска, во текот на утрото и рано попладне“.

Контра-субверзивни екипи на полицијата се на терен и вршат проверки, јави Радио-телевизија Србија.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...