fbpx

Норвешките невладини организации бараат Груевски да ги осуди нападите на ЛБГТ-заедницата

-

Норвешкиот хелсиншки комитет (НХЦ), норвешката ЛГБТ-организација (ЛЛХ) и „Амнести интенејшнел – Норвешка“, испратија писмо до премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, во кое ја изразија својата загриженост за состојбата со ЛГБТ-лицата во Македонија, објави „Нова ТВ“.

„Две лица добија повреди по телото и на главата по нападот врз кафе-барот ,,Дамар‘‘ во Старата скопска чаршија на 23 октомври 2014 за време на прославата по повод двегодишнината од отворањето на ЛГБТ-центарот за поддршка. Ова е шести напад врз ЛГБТ-центарот за поддршка од неговото основање пред две години. Претходните напади вклучувале навреди, тепања, каменувања и опожарувања. Досега, соодветна истрага е спроведена само во еден од овие случаи, со што на хомофобичните и на трансфобичните сили им се остава впечаток дека кривичните дела поттикнати од омраза кон ЛГБТ-лицата може да поминат неказнето.

НХЦ, ЛЛХ и „амнести интернејшнел – Норвешка“ ја повикуваат Владата на РМ, МВР, Јавното обвинителство и надлежните судови јавно да ги осудат сите акти на насилство, да спроведат соодветна истрага на кривичните дела поттикнати од омраза и соодветно гонење на сторителите“, се вели во писмото испратено до македонските институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...