„Номад“ со бесплатни свежи сокови и кафе за здравствените работници на скопските клиники

Кафе бар „Номад“ извести дека од утре (17 март) па до крајот на неделава, нивните вработени ќе се стават во служба на докторите, медицинските сестри и сите вработени во администрацијата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Ќе бидеме на нашата локација кај Универзитетската клиника за хематологија и ќе можете да дојдете да се освежите со нашите сокови или да земете кафе како би можече будно да се вратите на вашите обврски. Сето тоа е на наша сметка,“ велат од „Номад“.

Оваа акција на „Номад“ беше поздравена на социјалните мрежи, и добро е кога би имале уште поголем број на општествено одговорни компании, кои во овие моменти ќе му олеснат на системот за полесно справување со корона вирусот.