Нобеловиот медал на Муратов се продаде за 103 милиони долари, сите пари се за украинските деца

-

Рускиот нобеловец и главен и одговорен уредник на независниот весник „Новаја Газета“, Дмитри Муратов, го продаде на аукција во Њујорк медалот кој се доделува со Нобеловата награда. Собра неверојатни 103,5 милиони американски долари, јави Би-Би-Си.

Аукциската куќа „Херитиџ“ не соопшти кој е човекот или правното лице што ја дало победничката понуда на аукцијата. Парите ќе се испорачаат на УНИЦЕФ за активностите на светската организација за раселените украински деца.

Муратов е еден од добитниците на најновата Нобелова награда за мир за 2021 година, за бранење на слободата на изразување во Русија. „Новаја Газета“ престана да излегува во март, кратко време по почетокот на руската инвазија на Украина. Тоа се случи откако официјална Москва соопшти дека секој што ја опишува активноста на Русија во Украина како „војна“ ќе се соочи со огромни казни или прекин на дејноста. Москва конфликтот го нарекува „специјална воена операција“.

Муратов е еден од групата новинари што ја формираа „Новаја Газета“ во 1993 година, а од 2000 година, односно од доаѓањето на актуелниот руски претседател Владимир Путин на власт, шестмина новинари или соработници на „Новаја Газета“ беа убиени поради нивната работа, вклучувајќи ја и истражувачката новинарка Ана Политковскаја.

Во меѓувреме, агресијата на Русија врз Украина, во што се активно вклучени проруските бунтовници во регионите Донецк и Луханск интензивно продолжува. Утрово се слушнати неколку експлозии во јужниот украински град Миколаив, соопштува регионалната администрација. Забележани се и столбови чад.

Областа кај Миколаив кон Херсон и понатаму е гранатирана од руските сили, кои прават обиди да ги одбијат нападите од украинските сили.

И во регионот Луханск украинските сили напаѓаат, а руските сили даваат активен отпор. Украинските сили бијат по заднината на руската војска која напредува кон гратчето Словјанск. Воени дејствија има и кај Херсон, Бахмут и Изиум.

Борби се водат и во две селца близу градот Лисичанск, кој заедно со градот-близнак Сиеверодонецк, се речиси под целосна контрола на руските сили.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...