Нобеловецот Дезмонд Туту, кој помогна да се стави крај на апартхејдот почина на 90 години

-

Надбискупот на Јужна Африка,и добитник на Нобеловата награда за мир, Дезмонд Туту почина на 90-годишна возраст.

Неговата смрт беше потврдена од кабинетот на претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, кој го нарече надбискупот „водач на принципи и прагматизам кој му даде значење на библискиот увид дека верата без дела е мртва“.

Архиепископот Туту водеше постојана битка со ракот на простата од 1997 година.

Како водач на Јужноафриканскиот совет на црквите, а подоцна и како англикански надбискуп на Кејп Таун, архиепископот Туту ја водеше црквата во првите редови на децениската борба за слобода на црните Јужноафриканци. Неговиот глас беше моќна сила за ненасилство во движењето против апартхејдот, што му ја донесе Нобеловата награда за мир во 1984 година.

Тој беше современик на симболот на борбата против апартхејдот, Нелсон Мандела, и беше еден од главните двигатели зад движењето за ставање крај на полициската и расна сегрегација и дискриминација врз мнозинството црнци во Јужна Африка од малцинската влада предводена од белци во периодот меѓу 1948 и 1991 година.

„Човек со извонреден интелект, интегритет и непобедливост против силите на апартхејдот, тој беше нежен и ранлив во неговото сочувство со оние кои трпеа репресија, неправда и насилство во апартхејдот и за репресираните луѓе низ целиот свет“, рече Рамапоса.

Туту ја доби Нобеловата награда за мир во 1984 година за неговата улога во борбата за кршење на апартхејдот.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...