fbpx

Нобеловата награда за мир за борбата против нуклеарното оружје

-

Нобеловата награда за мир ја доби Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ИЦАН), за десетгодишната кампања светот да се ослободи од атомското оружје.

Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје е коалиција на невладини организации од повеќе од 100 земји и се бори за забрана на нуклеарното оружје со носење меѓународен закон.

– Организацијата ја добива наградата за својата работа да го пренасочи вниманието на катастрофалните последици од користењето нуклеарно оружје и за пионерските напори да се постигне спогодба да се забрани таквото оружје – рече претседателот на норвешкиот комитет за Нобелова награда, Брит Рејс Андерсен.

ИЦАН себеси се опишува како коалиција на невладини организации од повеќе од 100 земји. Почетоците ѝ се во Австралија во 2007 година.

– Живееме во свет каде ризикот од користење нуклеарно оружје е поголем од кога било претходно – рече Андерсен.
ИЦАН соработува со 468 невладини организации во 101 држава во светот.

Во јули годинава, 122 држави ја потпишаа спогодбата на ОН за забрана на нуклеарното оружја, а државите со нуклеарен арсенал, САД, Русија, Кина, Велика Британија не учествуваа во преговорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...