Нобеловата награда за хемија ја добиваат Бенјамин Лист и Дејвид Мек Милам за „екологизирање“ на хемијата

Извор на илустрација: Нобелов комитет

За нивното откритие, односно создавање на прецизна нова алатка за конструирање молекули, наречен „асиметрична органокатализа“, што има големо влијание на фармацевтските истражувања и ја прави хемијата „позелена“, годинашната Нобелова награда за хемија ја добиваат Бенјамин Лист од Институтот „Макс Планк“од Милхајм на Рур (Max-Planck-Institut für Kohlenforschung, Mülheim an der Ruhr), Германија, и Дејвид Мек Милан од универзитетот „Принстон“ од САД. Откритието го направиле во 2000 година, односно признанието за нивниот гениј доаѓа по 21 година.

Како што се нагласува со соопштението од Нобеловиот комитет, многу области на истражување и многу индустриски процеси зависат од можноста на хемичарите да создаваат молекули што може да формираат еластични и издржливи материјали, складираат енергија во батерии или да го попречат процесот на напредување на болеста. Оваа постапка изискува катализатори, којшто се супстанци што ги контролираат и забрзуваат хемиските реакции, без да станат дел од конечниот производ. На пример, катализаторите во автомобилите ги трансформираат токсичните супстанци во издувните гасови во безопасни молекули. нашите тела исто така содржат илјадници катализатори во форма во ензими, кошто ги создаваат молекулите неопходни за животот, објаснува Нобеловиот комитет.

Сепак, долго време хемичарите верувале дека има само два вида катализатори: метали и ензини. А Бенјамин Лист Дејвид МекМилан уште во 2000 година, независно еден од друг, развил трет вид катализа – „асиметрична органокатализа“ што се заснова на мали органски молекули.

Органските катализатори имаат стабилна рамка на јаглеродни атоми на којашто може да се прикачат поактивни хемиски групи. Под тоа честопати се подразбираат вообичаените елементи како кислород, азот, сулфур или фосфор. Тоа значи дека овие катализатори се и еколошки и евтини за производство.

Нобеловиот комитет посочува дека органокатализата се развива од 2000 година и оти и двајцата нови Нобеловци докажале дека органските катализатори може да се користат во низа хемиски реакции.

„Преку овие реакции, истражувачите сега може многу поефикасно да конструираат каква и да било нова работа – од фармацевтска супстанца до молекули што може да ја „фатат“ сончевата светлост во фотонапонските табли“.