НМСМ ги објави добитниците на Наградата за младинско учество

Фото: НМСМ

Националниот младински совет на Македонија ги објави добитниците на Наградата за младинско учество, која ја доделува во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Ивана Балабанова и Сибел Бајрам се добитнички на наградата во индивидуалната категорија. Во категоријата за младински организации добитници се организациите Флуктус и My Life. Додека пак, 3D Print Medical Equipment и SHARE – Speak Honestly and Resolve Everything се добитници на наградата во категоријата за неформали групи на млади.

Националниот младински совет ја доделува наградата на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанскo учество. За оваа награда, нивните активности треба да се реализирани од јануари 2019 година до јуни годинава. Овој пат, изборот за победници беше препуштен на јавноста преку јавно гласање.