Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи Охридско Езеро е на кота од 693,26 метри надморска височина што е за 12 сантиметри под просекот за јануари. Исто така денеска беше измерена температура на езерската вода од 6,5 Целзиусови степени.

Од УХМР информираат дека сувото време ќе продолжи и во наредните денови и во првата половина на овој месец не се очекува некоја драстична промена на водостојот на езерото.

– Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд – потенцираат од УХМР.