Посредникот во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција под покровителство на ОН, Метју Нимиц се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.

Потоа е предвидена средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

Попладне Нимиц ќе се сретне со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 15 часот и во 16 часот со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.