fbpx

Нимиц по средбата со Коѕиас: Чекањето нема смисла, време е за носење одлуки

-

Постои моментум, време е за носење одлуки, порача медијаторот во спорот со името, Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пренесува Mакедонската информативна агенција МИА.

Нимиц средбата ја оцени како конструктивна и рече дека со шефот на грчката дипломатија разговарале за идеите кои медијаторот ги достави пред две седмици, ги слушнал позициите на владата и вели дека постои волја и кај двете страни за постигнување договор.

– Мислам дека постои моментум тука. Чекањето нема смисла тука, нема смисла кај северниот сосед, генерално нема смисла. Разговараме за ова прашање 25 години, сите знаат кои се прашањата. Време е за носење одлуки и мислам дека сме тука“, рече медијаторот на Обединетите нации, без да даде конкретен временски рок, потенцирајќи дека во следните седмици ќе има разговори и потоа ќе треба одново да се процени ситуацијата.

Нимиц не сакаше да ги открие неговите идеи и предлози, оценувајќи дека не е добра идеја да коментира што предложил. Посочи дека во медиумите протекле некои од идеите, но нагласи оти јавно засега не може да зборува за тоа.

– Двете влади може да смислат и нивни идеи или се надевам да искористат некои од моите. Никогаш не давам конечни идеи, јас сум посредник, а не судија. Од моја страна давам идеи за кои сметам дека се најдобри во моментов – рече Нимиц.

Тој претходно имаше средба со Јорогос Кумуцакос одговорен за надворешна политика во опозициската Нова демократија, но по средбата не беа дадени изјави за медиумите.

Нимиц од Атина утре доаѓа во Скопје на дводневни разговори со македонскиот државно-политички врв.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...