fbpx

Николовски: Сточарите се оставени без помош, се крие вистината за јазлеста кожа

-

„Болеста јазлеста кожа сè уште коси, се шири и предизвикува огромни штети на сточарите, месната и на млечната индустрија. Сè уште на ниту еден сточар не му се исплатени пари за одземените и убиени животни“, изјави членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според него, вистината за оваа болест се крие од Светската организација за здравстена заштита на животните, на која последниот извештај ѝ е доставен пред два месеци.

– Исплатата на штетите за сточарите мора да почне веднаш! Одговорните во Агенцијата за храна и ветеринарство не само што се целосно неорганизирани, не само што кријат информации од јавноста за последиците од болеста јазлеста кожа, туку тоа го кријат и од меѓународните институции – додава Николовски.

Тој потсети дека со ребалансот на буџетот скратени се 15 милиони евра за субвенции на земјоделците.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...