fbpx

Николовски: Работата на шумската полиција е пред колапс

-

Работата на шумската полиција е пред колапс, а причина за ваквата лоша состојба е запоставувањето на овој сектор од премиерот Никола Груевски, изјави денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Како дополнителен заменик-министер, остварив повеќе контакти и разговори со вработените, вклучително и со раководителот на шумската полиција, и по направените анализи, за жал, може да констатираме дека работата на шумската полиција е пред колапс. Поразителна е состојбата во оваа значајна служба, која нема основни услови за работа и за нормално функционирање во соглaсност со законот. Причина за оваа лоша состојба е запоставувањето на овој сектор од страна на Никола Груевски“, стои во изјавата на Николовски.

Според него, иако бројот на вработени во оваа служба од 2006 година бил тројно зголемен, состојбата со кражбата на дрва е влошена. Шумските полицајци, со посебни должности и овластувања, немаат бенифициран стаж, а плата им се исплатува по правилник, а не според Законот за работи односи и колективниот договор за административни работници.

„Само седум од 30 шумско-полициски станици имаат командири. Вработените, чија работа е теренска, во планина и на лоши временски услови, сочени со сериозни ризици, задолжени со лично и со формациско вооружување и, како што самите велат, вршејќи работа поврзана со криминални банди, немаат основни услови за работа. Недозволиво е со месеци вработените да немаат гориво за возилата, да функционираат со голем дел неисправни возила, сами да мора да се снајдат за униформа како знаат и умеат бидејќи последен пат со неа се задолжиле пред седум години. Несериозно и крајно неодговорно е вработените да немаат основни материјално-технички средства и опрема, да работат на комјутери од 1999 година“, вели Николовски.

Тој прашува кому му одговара ваквата состојба во која работи шумската полиција во земјава и додава дека оправдување за тоа нема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...