fbpx

Николовски: Околу 65 илјади земјоделци ќе бидат ослободени од персонален данок

-

Земјоделците на кои земјоделството им е основна дејност, и ќе имаат приход до еден милион денари, персоналниот данок кој во текот на годината ќе им се задржи, ќе им биде вратен во целост на крајот на годината, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за измените на Законот за персонален данок на доход.

Тој додаде дека, заедно со Mинистерството за финансии, имаат предлог-законско решение за персонален данок, од кој директна полза ќе имаат земјоделците. Николовски појасни дека, повратот значи ослободување од данокот, оти на крај на година, земјоделците ќе си ги добијат парите кои им биле задржани.

– Тоа значи дека околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Од државата се пренасочуваат, кон граѓаните земјоделци – рече Николовски.

Тој додаде дека со новите измени, земјоделците се ослободуваат од административни трошоци и од обврската да поднесуваат даночни пријави. Тоа во нивно име ќе го сторат откупувачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...