Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Можеби е вистина дека Владата нема намера од едно место да се задолжи за 5-6 милијарди евра, но секако е недоследно кон јавноста да се тврди дека погрешно била пренесена информацијата и не знае како се стигнало до таа информација од страна на Николоски. Изворите на погрешно разбраните или недоразбраните информации, сепак се во неговата матична партија ВМРО-ДПМН

-

Во интервју за телевизија со национална концесија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски даде изјава околу погрешно пренесена информација која може да се оцени како недоследна:

„Не знам на кој начин таа информација е пласирана во јавноста, но мислам дека појасно треба да ги прикажеме работите. Ние работиме на еден голем инвестициски циклус кој што би требало да опфаќа повеќе сектори, тука е секако и ресорот кој што јас го водам…се работи за тековни и нови проекти и се работи за проекти што ќе ја променат сликата во Македонија. Но тоа не значи дека од едно место ќе се позајмат определeна сума на пари, туку тоа значи дека дел од тие средства се обезбедени во рамки на буџетот, а дел секако ќе бидат позајмени…Делот дека толку ќе се задолжи државата е погрешно пренесен, а дали има државата амбиција толку да реализира, тоа е веќе потврден одговор.“

[Извор: Сител/Тема на Денот – Николоски/ интервју/(од 0.20 до 1.28 мин.); Датум – 07.05.2025]

 

Образложение:

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски недоследно изјавува дека не знае од каде е пласирана информацијата за задолжување на државата за 5-6 милијарди евра за нови инвестиции, бидејќи тие податоци беа пласирани во јавноста преку два извора коишто се од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот извор е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во прилог на ТВ Сител, емитуван ден претходно (06.05.). Прилогот е пласиран под наслов Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра, а во него се наведува:

„Владата ќе се задолжи помеѓу 5,5 до 6 милијарди евра. За две до три недели ќе се склучи меѓувладин договор со моќна европска држава, со чии пари ќе се градат инфаструктурни проекти. Парите не би се повлекле наеднаш, туку во неколку транши, а за првиот циклус – за локални, регионални и експресни патишта – од половина до една милијарда евра. Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Стојаноски, не откри детали од која држава ќе се земе кредитот, но вели дека е со многу поволни услови. Според него, ова задолжување нема да го зголеми јавниот долг.“

Иако директно нема говор на Стојановски во таа насока дека од една држава ќе се земат тие пари, текстот на искусната новинарка за финансии и економија што разговарала со него, речиси и да не остава простор дека нешто е погрешно разбрано. Уште повеќе што Стојановски за задолжувањето е пренесен и од други два онлајн медиума со истиот датум од 06.05.2025 г., а од негово гостување ден претходно на ТВ 24 (види тука и тука).

Потоа, на 07.05.2025 година, матичната партија на Николоски ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста со соопштение каде што се бројат безбројни проекти што планира да ги реализира Владата во наредниот период, со истата сума. Соопштението е со наслов:

„Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата.“

Сето ова може да се види и од агрегаторот на вести Тајм.мк за датумите од 06.05 до 08.05. Насловите упатуваат на заклучокот дека Владата со пари од странство (задолжувања и инвестиции) планира да реализира голем инвестициски бран во повеќе области.

Така што, можеби е вистина дека Владата нема намера од едно место да се задолжи за 5-6 милијарди евра, но секако е недоследно кон јавноста да се тврди дека погрешно била пренесена информацијата и не знае како се стигнало до таа информација од страна на Николоски. Според тоа со какви наслови и содржина се движеле информациите објавени во медиумите, очигледно е дека изворите на погрешно разбраните или недоразбраните информации, сепак се во неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.

Извори:

Оценил: Теофил Блажевски

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...