Од Македонскиот народен театар соопштија дека според новото решение од Министерството за култура, за в.д. директор на НУ Македонски народен театар назначен е Никола Кимовски.
Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на МНТ, која ја извршуваше од 2018 година. Функцијата вршител на должност на Македонскиот народен театар ќе се изврши денеска.
Никола Кимовски е продуцент во Македонскиот народен театар повеќе од 15 години, и е најпознат по претставите “Ничија земја” и “Животот е прекрасен”.
