Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде ќе има средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата.
Димитров ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлантскиот совет на САД.
Исто така, на покана на државниот секретар на САД, Димитров со делегација од Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, на кој ќе се разговара за резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите.