fbpx

Никој не признава дека се подготвуваат избори

-

Иако во моментов и двете најголеми партии ја негираат или отфрлаат идејата дека се подготвуваат за избори, на терен состојбата е сосема поинаква. Оваа шпекулација ја засили СДСМ со последниот настан во „Универзална сала“, кој беше наречен трибина, но кој отскокнуваше од сите нивни претходни јавни настапи. Имено, во дел од говорите, а најмногу во излагањето на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, провејуваа тези и ветувања како од предизборен митинг.

– Ние нема да дозволиме ниту еден од 12-те прилози на вестите да биде нарачка – рече Шекеринска и ја пушти лавината од муабети дека партиите интензивно се подготвуваат за предвремени избори.

Во прилог на ова оди и информацијата која ја објави „Мета“ дека политичките партии, но и Амбасадата на САД во Македонија интензивно вршат анкети на јавното мислење.

Никола Груевски, како и пред сите избори, така и минатите недели им подели субвенции на земјоделците, предвремено ги расчисти дологот кон ММФ, најавува трибини. Оваа активност пред него ја почна и провладиното движење наречено Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), со серијата трибини низ земјава. Насловот и текстот во „Слободен печат“ за наводна реконструкција на Владата, на која повторно на чело би бил Никола Груевски, исто така личи на пробен балон за да се испитаат одредни црвени линии.

Од СДСМ велат дека не водат кампања за избори, туку водат кампања за да се дознае „Вистината за Македонија“.

– Не ни текнува на избори додека Никола Груевски е на власт. Со овие трибини сакаме да им овозможиме на граѓаните да ја дознаат вистината за Македонија. Вистината за власта. А кога ќе се исполни барањето за преодна влада, ќе можеме да зборуваме за избори – велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не добивме одговор, но Груевски на последната прес-конференција во Владата на Република Македонија, каде зборуваше за аферата „Пуч“, беше дециден дека предвремени избори ќе нема.

– Избори во Македонија ќе има во 2018 година, сега предвремени избори нема да има – рече премиерот.

Ивон Величковски од Либералната партија вели дека политичките партии се цело време во кампања, па така и сега.

– Точно е дека има кампања, но ако можете да забележите, двете политички партии водат внатрепартиска, интерна, кампања, за да се крене моралот на членството. Не е тоа кампања за избори, за прибирање ново гласачко тело – вели Величковски.

Од макркеринг-агенцијата „Маркет визија“ велат дека во овој период „нема зачестени нарачки ниту од една политичка партија“, а нивните колеги од агенцијата „Република“, исто така, велат дека „немаат добиено никакви нарачки за кампањи и за реклами од никаква политичка партија“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...