Ник Кејв во фокусот на 8. издание на „Скопје Синема Сити“

Немања Ѓорѓевиќ. Фото: Небојша Мицковиќ

Со изложба на фотографии на Ник Кејв од белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Изложбата ќе се одржи на 29 јуни, во галеријата на КИЦ-Скопје со почеток во 19 часот.

Филмската програма на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, пак, ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30 јуни во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека на РСМ.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението „Номад-Арт“.