Тринаесетгодишно девојче се саморазнесе обидувајќи се да изврши бомбашки напад врз џамија во градот Кано, на северот на Кенија, јавија локалните власти.

Единствената жртва во нападот е девојчето. Нема други повредени.

Полициски извори јавуваат дека мета на нападот, најверојатно, била џамијата, но девојчето, пред да стигне до џамијата, веројатно предвреме ја активирало експлозивната направа.