fbpx

Ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ не ја фермаат Левица

-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не коментираат ништо за барањето на новоформираната партија Левица да ја поддржат иницијативата за измена на Законот за политички партии. Левица бараше да се поедностават процедурите и да се намали трошокот за регистрација на политичка партија.

Од најголемите македонски партии велат дека сè уште не добиле никакво барање, кое би можело да се разгледа.

– Не сме добиле никакво барање или предлог. Кога ќе добиеме, ќе го разгледаме и ќе го кажеме нашиот став – изјави Петре Шилегов од СДСМ.

Ист одоговор добивме и од ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на владејачката партија рече дека штом Левица достави нешто во Собрание, тие ќе го разгледаат и ќе се изјаснат за него.

Новоформираната политичка партија Левица вчера до Собранието на Македонија поднесе предлог за измена на Законот за политички партии. Со предлог-измената на Законот за политички партии се бара пратениците да предложат измена на овој закон со која ќе се укинат уверенијата за државјанство како дел од документацијата за регистрација на политичките партии.

– Сметаме дека се работи за целосно непотребна бирократска процедура која ги изложува граѓаните на непотребен финансиски трошок и, поради тоа, ќе бараме од секој пратеник што смета дека граѓаните не треба да се изложуваат на непотребни финансиски трошоци или не треба да има непотребни административни бариери од страна на државата, да ја поддржат оваа измена – велат од Левица.

Од партијата велат дека тој услов само ја оптоварува постапката за регистрација на политичките партии. Тие испратиле иницијатива за испитување на уставноста и на законитоста до Уставен суд, затоа што сметаат дека важечка биометриска лична карта е доволен доказ дека некој е државјанин.

– Значи, не е проблем бројката, ние би собрале и 2.000 потписи, само да ги нема овие финансиски и бирократски тешкотии. Вкупната сума се движи околу 6.000 евра, што е минимум 300 денари од човек – изјави Здравко Савески, член на Левица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...