fbpx

Незири на средба со компаниите од полошкиот регион

-

Денеска, во 12 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (Бизнис-центар на универзитетот), министерот за економија Беким Незири ќе се обрати на бизнис-средбата на компаниите од полошкиот регион и на претставниците на Унгарска национална трговска куќа. На средбата, Унгарската национална трговска куќа ќе ги претстави можностите за соработка со бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија, односно компаниите што работат во регионот, за проширување на деловната соработка со унгарските фирми или заеднички настап на трети пазари.

На настанот, покрај министерот Незири, ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Унгарија, Н.Е. Јожеф Бенце, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, претставници на Унгарска национална трговска куќа и фирми-членки на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...