fbpx

Независни Грци пак порачаа дека „не ја даваат Македонија“

-

Грчко-македонските односи и националистичкиот став на Независни Грци за името Македонија беа главен дел од говорот на Марија Царуха, која е новата раководителка на Министерството за Македонија и Тракија во Солун. Царуха испрати остра порака при преземањето на функцијата дека „нема да дозволи некој да ја украде и фалсификува македонската историја и името на Македонија“.

– Нема да дозволиме експлоатација на името и на историјата на Македонија. На тие што сакаат да бидат наши пријатели, ќе им го цениме пријателството како што ние, како Македонци, знаеме – изјави Царуха при преземањето на функцијата. Нејзината изјава е само уште една во редот изјави од Независни Грци дека не планираат, иако се во влада со СИРИЗА, да попуштат од нивните црвени линии, кои не дозволуваат нашата држава да го користи името Македонија.

Министерството за Македонија и Тракија стана дел од Министерството за внатрешни работи, со што Царуха е, во суштина, заменик-министерка, а не министерка. Солунските новинари го опишуваат министерството како само декоративно, без никаква суштинска улога, институција која грчките влади ја држат само за да добијат поени за патриотизам. Јоргос Папандреу го укина ова министерство, но Андонис Самарас, штом дојде на власт, повторно го врати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...