fbpx

Независната ТВ Дожд повторно емитува вести, но од Латвија

-

ТВ Дожд, последниот независен руски канал се враќа во етер по повеќе од четири месеци откако беше принуден да затвори поради покривањето на војната во Украина, јавува Би-би-си.

Руските власти ја блокираа телевизијата Дожд на почетокот на март, само неколку дена откако Москва ја нападна Украина. Многу вработени потоа ја напуштија Русија и подоцна почнаа да работат на обновување на каналот во странство.

ТВ Дожд вчера во 20:00 часот по московско време (17:00 часот по средноевропско време) ја продолжи својата работа од студио во летонската престолнина Рига со информативната програма „Овде и сега“. Од редакцијата рекоа дека добиле лиценца од ЕУ за емитување и целата програма ќе продолжи наесен од Рига и Амстердам, Париз и грузискиот главен град Тибилиси.

Сепак, аналитичарите велат дека за поголемиот дел од жителите во Русија, единствениот начин за пристап до каналот ќе биде преку Јутјуб на виртуелни приватни мрежи (ВПН).

Во март, рускиот телекомуникациски регулатор го блокираше Дожд бидејќи руската инвазија на Украина на 24 февруари ја опиша како војна. Новиот руски закон го криминализира ширењето „лажни информации“ за руската војска, вклучително и тоа инвазијата на Украина да се нарекува што било друго освен „специјална воена операција“.

Регулаторот ја обвинува ТВ Дожд и за поттикнување екстремизам, злоупотреба на руските граѓани, предизвикување масовно нарушување на јавниот мир и безбедност и поттикнување протести. Новите закони ги принудија сите големи независни и либерално ориентирани медиуми, вклучително и Ехо на Москва и Новаја газета, или да се затворат или да се преселат во странство.

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...