Незаинтересираност за настанот Future Game Show, а Summer Game Fest 2025 помина добро

Повеќето игри презентирани конкретно само на Future Game Show беа непривлечни и неинтересни според глобалната публика на играчи на видео игри

Future Games Show Summer Showcase скриншот од YouTube

Во последнава недела и половина имаше два големи настани за видео игри: Future Game Show кој помина лошо кај публиката и Summer Game Fest 2025 кој помина доста добро и успешно. Настанот за видео игри Future Game Show предизвика незаинтересираност кај гејмерите и гејмерките ширум светот, затоа што повеќето од презентираните игри изгледаа како генерични забрзано составени копии на веќе популарни игри и веќе видени концепти. Ова е целосниот стрим од настанот: 

 

 

Реакцијата на „Асмонголд” (Asmogold), кој моментално котира меѓу статистички најгледаните јутубери и стримери за видео игри го потврдува ова на следниов линк и се однесува конкретно само за овој настан. А секоја посебна игра од настанот Future Game Show во листа со временски интервали под видеото можете да ја видите и самите во описот на видеото на следниот линк

Впечатокот е дека многу уметности во последно време се претвораат тотално во пазар и бизнис, што отсекогаш било фактор, но во Гејминг индустријата исто така е доста видно дека се „реклицираат идеи”, што не значи дека не постојат и нови идеи, наспроти паролата дека „се’ е веќе измислено”. Да немаше нови идеи немаше да има технолошки напредок и оригиналност. 

Повеќето игри презентирани конкретно само на Future Game Show беа непривлечни и неинтересни според глобалната публика на играчи на видео игри. Но, повеќето игри на Summer Game Fest 2025 поминаа добро кај играчите на видео игри ширум светот.

Има фирми и студија кои прават видео игри што прават комбинаторика од елементи од игри што биле популарни или имале ефект и се обидуваат да ги емулираат таквите истакнати страни, наместо да се насочат на сопствената креативност и да создадат нешто ново. Револтот кај играчите на видео игри кон ваквата некреативна генеричност и комбинаторика на одредени девелопери, наместо инвентивност почна да станува видлив затоа што има игри правени стриктно за заработка, но и има видео игри правени и развиени со љубов кон процесот и нормално дека и тие не се бесплатни затоа што се работи за голем труд и посветеност и затоа што и тоа е работа.

Играта правена со оригиналност, љубов и посветеност или стриктно за профит, веднаш се забележува и детектира од гејмерите и гејмерките оти таа разлика е често е очигледна на трејлерите за игрите кога се рекламираат игрите.

За позитивните страни со избликот на нови демоа од игри може да прочитате во следниот напис за преку стотици нови демо верзии од видео игри на Nextfest на Steam кој трае до 16 јуни. Во истиот напис има и доста информации и линкови за македонските креативни производители на видео игри и напорите на ентузијасти.  

Што се однесува до позитивни вести за добри видео игри настанот Summer Game Fest 2025 имаше доста добра прифатеност од гејмерите и гејмерките ширум светот.  

Точно е дека на настанот беа презентирани поивентивни и игри со повисока продукција, но имаше и голем број ентузијастички игри и секакви други содржини. Ова е целосниот стрим од настанот Summer Game Fest: 

 

 

Дел од игрите најавени на Summer Game Fest 2025 покривме неделава преку написите за игрите Scott Pilgrim EX, Out of Words, Deadpool VR, The First Descendant:Breakthrough, но и ќе ги презентираме и посебно понатаму и другите дадени наслови кои заслужуваат внимание од овој настан и од други извори во следни написи.