fbpx

Невреме ја зафати Македонија: Заглавено семејство во Јегуновце, падна ограда врз две возила во Автокоманда

По обилните врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар има одрони и помали свлечишта, скршени огради и поплавени куќи

-

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин.

„Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управуваат со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот“, велат од ЦУК.

Најголеми се штетите од невремето во Скопје, Гостивар и во Тетово.

Фото: Порталб.мк

Од невремето во Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнале околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров.

Скршени огради и лимови кај Хотел Русија во Скопје / Фото: ЦУК

„Сите пријави се пренесени на надлежни институции“, додаваат од ЦУК.

Во скопска Автокоманда дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Нема имформации за повредени лица. Има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви.

Фото: ЦУК

Од ЦУК информираат и дека во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската противпожарна служба работи на нивно извлекување.

Во Тетово, една од блокираните сообраќајници бил и подвозникот на влезот во градот Тетово и патот за Скопје, каде имало потреба од интервенција на противпожарната единица. Во иста состојба бил и подвозникот на улицата „Дарданија“, пренесува Порталб.мк.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...