Непрописно паркираното Порше во Дебар Маало не е на полициски службеник

Министерството за внатрешни работи демантираше дека станува збор за возило кое му припаѓа на полициски службеник. Во нивната објава МВР појасни дека возилото не е на полицаец. Министерството за внатрешни работи информираше дека возачот кој непрописно го паркирал возилото во Дебар Маало е санкциониран, а внатрешната контрола на МВР го испитува случајот

-

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Насобраната толпа извикуваше „казна, казна“. Видео: Пајакот не сакаше да дигне Порше на полицаец во Скопје. 

Во текстот од објавата пишува дека на социјалната мрежа Фејсбук се појавило видео на кое се гледа како пајак-службата не сака да крене возило кое е непрописно паркирано, бидејќи е на полицаец.

Во објавата се споделува видео материјал кој стана вирален.

Министерството за внатрешни работи демантираше дека станува збор за возило кое му припаѓа на полициски службеник.

Во нивната објава МВР појасни дека возилото не е на полицаец. Министерството за внатрешни работи информираше дека возачот кој непрописно го паркирал возилото во Дебар Маало е санкциониран, а внатрешната контрола на МВР го испитува случајот.

 Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија на Дебар Маало во Скопје, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека конкретниот настан се случил на 22.03.2025. Имено, возилото е подигнато од страна на Паркинзи Општина Центар, а од страна на СВР Скопје преземени се мерки по член 63 став 6 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог. Исто така ве информираме дека предметното возилото не е на полициски службеник. Во врска со постапувањето пак на полициските службеници при подигнувањето на возилото, веќе постапува Одделот за внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по завршување на целокупната постапка соодветно ќе ја известиме јавноста, објаснија од полицијата.

Потоа стана познат идентитетот на возачот на возилото. Тоа е Срѓан Керим, поранешен министер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во ОН и во Германија.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како делумна невистина. Возилото што непрописно било паркирано во Дебар Маало и отстрането по реакции и ажурност на граѓаните, не е на полицаец.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...