fbpx

Неповратни грантови од 3.500 евра за отворање бизниси

-

Државата ќе доделува неповратни средства во висина од 3.500 евра за отворање бизниси и за самовработување, а во јануари ќе излезе огласот за доделување на овие неповратни грантови.

Како што информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, целта на овој проект е да се ​​поддржат невработените лица во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања.

Проектот вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис-план и при регистрирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и на материјали и менторство во време на почнување на бизнисот.

Во текот на 2016 година ќе бидат доделни неповратни грантови за отворање на 920 фирми, во кои ќе се обезбедат вработувања на 970 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...