Во пожар што избувнал во нејзиниот стан на улицата Туристичка во Охрид, утрово настрадала 70-годишната М.Д., соопшти СВР Охрид.

Жената живеела сама и била неподвижна. Причините за пожарот, кој избувнал околу 7.15 часот денеска, засега се непознати.

Jавeн обвинител издал наредби за прибирање на траги од станот и ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната инсталација во станот. Исто така, издадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.​