fbpx

Ненси Пелоси во посета на Тајван, Кина започна воени вежби во близина на островот

-

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот во САД, вчера пристигна во Тајван, при што светските медиуми пишуваат дека посетата може да ја заостри тензијата меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина започна воени вежби во близина на островот, а посетата на Пелоси на Тајван, официјален Пекинг ја оцени како „екстремно опасна“.

Пелоси и останатите членови од американската делегација се симнаа од транспортниот авион на американските воздухопловни сили на аеродромот Сонгшан во центарот на Тајпеј, за да ја започнат посетата, која е ризик уште повеќе да се влошат американско-кинеските односи. Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи на Тајван, Џозеф Ву и Сандра Оудкирк, највисокиот претставник на САД во Тајван.

Посетата на Пелоси предизвика жесток одговор од Кина во време кога меѓународните тензии веќе се зголемени со руската инвазија на Украина. Кина го смета Тајван за дел од својата територија и никогаш не се откажала од употребата на сила за да го стави под своја контрола. Соединетите Американски Држави ја предупредија Кина да не ја користи посетата како изговор за воена акција против Тајван, пренесува „Ројтерс“.

„Америка е посветена на поддршката на енергичната демократија на Тајван. Солидарноста на Америка со 23 милиони луѓе на Тајван е поважна денес од кога било, бидејќи светот се соочува со избор помеѓу автократија и демократија“, рече Пелоси.

Кинеското Министерство за надворешни работи на Кина, објави соопштение во кое е наведено дека оваа посета има сериозно влијание на политичката основа на релациите меѓу Кина и САД.

„Ова сериозно го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина и сериозно ги поткопува мирот и стабилноста, и испраќа сериозно погрешен сигнал до сепаратистичките сили за „независност на Тајван“. Кина цврсто се спротивставува и строго го осудува ова и упатува сериозен и силен протест до Соединетите држави“, наведено е во соопштението.

Во меѓувреме, кинеската Народноослободителна армија започна воени операции во близина на брегот на Тајван, објави Централната телевизија на Кина (ЦЦТВ), повикувајќи се на официјален претставник на воената команда. Станува збор за заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор северно, југозападно и југоисточно од Тајван.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...