fbpx

Немирите од Фергусон се проширија во 170 града во САД

-

Втор ден траат немирите во САД, кои избија по судската одлука да не се обвини полицаецот што летоска уби афроамерикански тинејџер во Фергусон.

Полицаецот Дарен Вилсон, кој на почетокот на август, со 12 куршуми го уби Мајкл Браун, за американската телевизија „Еј-Би-Си“ изјави дека „совеста му е мирна“ и оти „добро си ја вршел својата работа“. Тој додаде дека сметал дека Браун може да го убие, па затоа реагирал. На прашање дали исто би постапил доколку Браун бил белец, полицаецот одговори: „Да, без сомневање“. Ваквата изјава дополнително ги разгневи демонстрантите. Протестите се проширија во повеќе од 170 града, вклучувајќи ги Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Сиетел, Вашингтон, Нешвил и Атланта. Најтензична е атмосферата во Фергусон, каде во текот на ноќта властите испратија уште 2.200 припадници на Националната гарда. Сепак, тоа не ја смири ситуацијата.

Гардата со гас-маски и со опрема за разбивање на демонстрациите прави кордони по улиците, а пред градското собрание дојде до уште еден директен судир на демонстрантите, кои запалија полициско возило.

Полицијата на критичните точки постави оклопни возила, користи солзавец, а првпат на улиците изнесе и полициски кучиња.

Објавено е дека „секој кој е на улица може да биде уапсен“, а во потерата по демонстрантите по споредните улици помага и еден хеликоптер. Како што соопшти полицијата, уапсени се 44 лица за различни дела, што е „подобра ситуација од претходниот ден, кога полицијата приведе 80 лица“. Постојат наводи дека полицијата во последните часови се обидува да ги тргне новинарите од улиците, заканувајќи им се со апсење. „Полицијата ги присилува телевизиските екипи да се спакуваат во комбињата и да го напуштат деловите од Фергусон“, објави на „Твитер“ репортерот на британскиот весник „Гардијан“.

Американскиот претседател Барак Обама повторно го осуди насилството во Фергусон.

– Нема оправдување за палењето згради, автомобили, уништувањето имот и за доведувањето други луѓе во опасност. Тоа се криминални дела – рече Обама синоќа во Чикаго.

Тој додаде дека постои „конструктивен начин да се изрази незадоволството“, но и дека е свесен оти во бројни заедници постои чувство дека „законот не се применува за сите еднакво“.

Семејството на убиениот Браун ја осуди судската одлука, но повика на мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...