fbpx

Немири во Атина на протестите против Барак Обама

-

Мали немири избија во центарот на Атина на протестот на дел од синдикатите, левичарските партии и анархистите против американскиот претседател Барак Обама.

На протестите учествуваат неколку илјади грчки граѓани, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија и поддржувачите на Народно единство, партијата на поранешниот соработник на Алексис Ципрас и министер во владата на СИРИЗА, Панајотис Лафазанис, кои се бунтуваат против политиката на САД.

Демонстрациите почнаа доцна попладнево, иако грчката полиција строго забрани протести и собири за време на дводневната посета на Обама во Атина. Немирите избувнаа кога група демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да се упатат кон грчкиот парламент, по што полицијата одговори со солзавец. Демонстрантите фрлија молотови котели и запалија неколку канти за отпадоци, но не е причинета голема штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...