fbpx

Немало поткуп за гласови, пресуди грчкото обвинителство

-

Грчкото обвинителство смета дека немало обид за поткуп на пратеникот Павлос Хаикалис. Обвинителството го стави случајот ад акта и со тоа ги одби обвинувањата на Хаикалис дека постоел обид да го поткупат за да гласа за владиниот кандидат за претседател.

Конечниот став на обвинителството е дека обвинувањата на Хаикалис се неосновани. Обвинителот оценил дека аудио-визуелниот документ што е доставен до судот, на кој е снимен разговор меѓу Хаикалис и обвинетиот Јанис Апостолопулос, поранешен советник на Независни Грци, е нелегален и не може да се искористи.

Опозициската СИРИЗА се сомнева во одлуката, коментирајќи дека е сомнителен начинот на кој е спроведена истрагата.

Првиот човек на Независни Грци, Панос Каменос, незадоволен од одлуката изјави дека е крајно време „грчкиот народ да ја стави владата ад акта“.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...