Државниот просветен инспекторат утврдил дека немало организирано верско делување во основните училишта за бадникарските поворки во кои учествуваа голем број на деца.
Инспекциите ги побара Министерството за образование и наука со цел да се утврди дали се нарушени начелата на секуларизам при организација на децата за учење на бадникарските песнички, изработка на иконографија за празникот и други активности.
Инспекторатот констатирал дека училиштата не учествувале во организација на верската манифестација.
Улогата на училиштата и локалните власти во бадниковите поворки ја истражува и Народниот правобранител.