Нема зголемување на платите на функционерите, одлучи Владата

Актуелните законски решенија предвидуваа пораст на платите на избрани и именувани лица. Од Владата велат дека се одлучиле на овој чекор со цел да се заштити јавниот интерес и  да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот

-

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите, преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите, се замрзнуваат.

Вака одлучи Владата на денешната 38-ма седница на која беа донесени и низа други одлуки.

Од таму велат дека овој чекор се прави со цел да се заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот.

„Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите на избраните и именувани лица, судите, членовите на судски совет, јавните обвинители и на членовите на совет на јавни обвинители и за таа цел ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда, секој во своја надлежност да достават изменување и дополнување на законите, на тој начин што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите, сè со цел да не се направи дополнителна штета“, се вели во владиното соопштение.

Актуелните законски решенија предвидуваа пораст на платите на избрани и именувани лица.

Од Владата додаваат дека со ова замрзнување, од година во година се намалува процентот на пораст на платите на избраните и именуваните лица, сè со цел да се дојде до „процент еднаков на нула“.

Инаку, на денешната владина седница е донесена и одлука со која се обезбедени околу една милјардна денари за исплата на К-15, што е законска обврска за сите работодавци.

Донесена е и одлука со која им се препорачува на сите органи на државната управа, со цел да не се предизвикаат дополнителни финансиски импликации врз Буџетот, да не се врши исплата на тринаесетта плата за 2024 година.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...