fbpx

Нема во продажба картички „Скопска“ за градските автобуси

-

Ако сте ја загубиле картичката „Скопска“ и треба да купите нова, тоа не можете да го направите уште од 10 декември во центрите „Скопска“ на Бит Пазар, во Транспортен центар и во центарот на Скопје, пишува „Порталб.мк“.

Во ЈСП велат дека нови картички ќе бидат пуштени на продажните места во првите денови на новата година.

Граѓаните бурно реагираат на недостигот и кажуваат дека во ЈСП на Бит пазар им рекле дека картички „нема да добијат до 10 јануари“.

Од ЈСП го негираат ова.

„Лицето одговорно за овој сектор е на одмор и на работа ќе дојде во првите денови на јануари“ гласи одговорот од Јавното сообраќајно претпријатие.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата го уапси убиецот од Хром чија мајка запали стан за да го прикрие

Денеска во 14.20 часот на пидрачјето на населба Влае, во брза заедничка акција на Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.Д.(39)...