fbpx

Нема точен датум кога ќе пристигнат вакцините „Спутник“ и „Синовак“, вели Филипче

-

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека за вакцините „Спутник“ и „Синовак“ нема точен датум кога ќе пристигнат во државата. Тој вчера имал разговор со рускиот амбасадор кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините.

Вакцините „Синовак“, како што додаде Филипче, треба да пристигнат првите десет дена од јуни. Според него, имунизацијата нема да запре бидејќи пристигнаа одредени количини на „Фајзер“, а во текот на неделата се очекуваат донациите на вакцини од Бугарија и Грција.

Имајќи предвид дека овие 70.000 најавени вакцини ќе бидат „АстраЗенека“, Филипче велат дека нема да останат неискористени, бидејќи се уште голем дел од популацијата над 60 години не е вакцинирана.

„Имаме 42 проценти од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани но со кампањата, очекувам поголем број на пријавени. Препораките и ставовите не ги креираме според тоа кој како ќе се вакцинира според расположливоста на вакцините, туку според стручни препораки,“ вели Филипче.

Тој очекува дека неделава можеби ќе има намалување на дневните бројки на вакцинирани, но за следната недела, смета дека ќе се одржи трендот од околу 13.000 вакцинирани на ден.

Во однос на издавањето на „зелениот пасош“ рече дека подготовките се во финална фаза, и додаде дека постојат одредени технички предизвици кои треба да се надминат во однос на добивање на податоци од страна на лабораториите и институтот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...